Приказната на најпознатиот „ЈУ“ олтајмер – Југо

Носталгичниот модел, одново привлекува внимание. За приказната за југо, нема кој не се интересира. Можеби е тоа така, затоа што ова бил навистина популарен автомобил кој всушност направи револуција на Балканот во поглед на автомобилската индустрија.

Се вели, дека автомобилот одбележа историја на една земја, на една нација. За жал, овој автомобил се помалку го има на патиштата. А водејќи се од некои носталгични побуди, на интернет наидовме на вистинската приказна што стои зад познатиот „веќе“ олтајмер.

Имено, пред пвеќе од 45 години беше завршено и склопено првото „југо“. Според некои, првиот прототип на „југо“ кој беше завршен на 2 октомври 1978 година, му бил подарен на другарот Тито.

Според податоците на Zastava, почетокот на сериското производство датира од 28 ноември 1980 година, кога беше завршен првиот сериски автомобил. За неговото склопување биле потребни не помалку од 17 дена, имајќи предвид дека неговата (прва серија) школка беше завршена на 11.11.1980 година.

Југо,ја доживеа својата јавна премиера на саемот за автомобили во Белград во 1980 година, а за автомобил на годината беше прогласен во 1981 година. Оттогаш до крајот на производството во 2008 година, произведени се вкупно 794.428 возила секако наречени yugo!

Рекордно годишно производство беше во 1989 година, со вкупно произведени 118.237 „бокали“, а месец со најмногу произведени автомобили е декември 1988 година, кога од производните ленти излегоа вкупно 12.631 возила југо. Во рекордно дневно производство биле изградени 539 автомобили.

Последното „југо“ излезе од производствената лента на денот кога беше склопена првата школка – 11 ноември 2008 година. Тоа беше „корал 1.1 во економичност“ со сериски број на школка 1116076, број на мотор 1628756.

Извор