Законски регулативи за користење марихуана зад воланот Германија не толерира!

марихуана

Во Германија за прв пат е донесен закон за поставување граници кај шоферите кои конзумираат марихуана. Постави ограничувања и секако воведе казни доколку возачите се под дејство на канабис.

Оваа одлука стапи на сила после советувањето направено помеѓу правни експерти. Експерти од осигурителот АРАГ, полицијата и докторите донесена е законска рамка за дозволеното ниво на ТХЦ за управување со автомобил.

марихуана

„Според ново донесениот закон нивото не смее да се надмине вредност од 3,5 нанограми на милилитар TХЦ (тетрахидроканабинол) количина што треба да одговара на концентрација на алкохол во крвта од 0,2 промили. Возачите кои ќе ја игнорираат оваа регулатива се соочуваат со казна до 3.000 евра. Ако се употребува и алкохол заедно со Марихуана, казната може да биде уште поголема.“ – пренесува avtomagazin.mk

Експертите за сообраќај, како и полицијата и медицинските експерти ги поставија овие граници и Лимитот на ТХЦ. Но, најважно од се е што за младите и т.н. пресни шофери конзумирањето марихуана и алкохол зад воланот е комплетно забрането.

марихуана