Здружението на германските производители на автомобили инсистира – Целосна забрана за продажба на фосилни горива во ЕУ од 2045 година… Но, сепак, позицијата на Германија е контрадикторна. Европската Унија има нова цел. Во план е целосно да ја забрани продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување. Ова би се случило од 2035 година. Според ова, таа година би се продавале само автомобили на електричен или водороден погон. Но, сепак кон оваа одлука не се согласуваат сите земји членки.
Имено, врз Европската комисија, Германија изврши притисок со што бара да се дозволи продажба на автомобили со термални SUS мотори по 2035 година, под услов да работат на синтетички горива.
„Германците имаат големи надежи за обновливи горива, кои би можеле да придонесат за заштита на климата. Сега се појави нов, радикален предлог, кој наскоро ќе биде жестоко оспорен од пошироката јавност, пишува Klix.ba. Поточно, здружението на германски производители на автомобили (VDA) предлага целосна забрана на фосилните горива во Европската унија од 2045 година. Целта е да се намали CO2, 10 години по забраната за продажба на нови автомобили со SUS мотори. “ пренесува autoblog.rs.
Германските производители на автомобили според ваквиот план, сакаат да ја забранат продажбата на дизел и бензин за нови и стари автомобили, така што возачите се префрлаат на автомобили со синтетичко гориво.
„Германија планира да има 15 милиони електрични возила на своите патишта до 2030 година. Истата година се очекува на патиштата да има 40 милиони возила на бензин и дизел. Но, реалната слика е поинаква… Ако се земе предвид дека токму Германија бележи најголем пад во продажбата на електрични возила.“. – се вели во изворот на веста.
Ова покажува дека Германија не сака целосно да се откаже од мотори со внатрешно согорување, туку да ги направи поеколошки преку користење на алтернативни горива. Со ова, Германија всушност настојува да задржи повеќе опции отворени, бидејќи се обидува да го балансира технолошкиот развој, економските интереси, и заштитата на животната средина.