Легендарен американски фудбалер Том Брејди бил сопственик на престижниот автомобил со редок статус што асоцира на луксуз, комфор, ексклузивност. Rolls-Royce Ghost
Имено, сега автомобилот се продава преку аукцијата на Sotheby’s Motorsport (SOMO). А секако и цената „крева“ поради фактот дека сопственик бил Брејди.
„Ghost е вистинско чудо на дизајнот, а со оглед на тоа што помина само 200 километри во сопственост на Брејди, автомобилот е всушност сосема нов и зрачи со елеганција и стил.“ – забележува autblog.rs.
Преовладува црната дијамантска боја, што му дава префинета и мистериозна нота. Токму онаква како што не може да се игнорира на патот. Кабината е луксузна. Белата боја доминира во ентериерот. Посебен детал се таблите на праговите со потписот на Брејди.
Секако удобноста во Rolls-Royce Ghost е приоритет, затоа што веруваме дек веднаш штом се спомне брендот, замислувате како пиете шампањ на задното седиште, додека личен шофер го управува возилото. Апетитот за нешто повеќе околу автомобилот задоволете го на изворот на оваа информација, па ако сте заинтересирани, што да ви речеме. Тропнете на вратата Sotheby’s Motorsport (SOMO).