Ексклузивен кабриолет за милионер од Дубаи – Mansory Rolls-Royce Dawn

Mansory

Mansory Rolls-Royce Dawn е новата модификација на Mansory. Секако побарувачката е од страна на богаташ, а од каде ако не… Од Дубаи.

Црна мат боја и розова доминираат во внатрешноста и екстериерниот дизајн. Преовладуваат елементи од карбонски влакна (заден дифузер, спојлер на багажникот, преден спојлер… Во црна боја се тркалата FS.23 и рачките на вратите, а внатрешноста е обвиткана во розова кожа.

Брендот Mansory е потпишан на три емста во автомобилот. На појасите, потпирачите за глава и на воланот.


V12 моторот исто така е засилен на 544 kW/740 КС и 1000 Nm, така што забрзувањето до 100 km/h трае 4,5 секунди, додека максималната брзина е 285 km/h.

Во проодлжение погледнете го видеото.