Zeekr користи хуманоиден робот во фабрика за производство на автомобили

хуманоиден робот

Компанијата Nio веќе користи хуманоиден робот, а сега на оваа иницијатива му се приклучува и Geely Holding Group. Роботот е наречен Walker S Lite и произведен од UBTech Robotics. Имено, стапи во употреба во фабриката на Zeekr на почетокот на јули. Што се однесува до описот, роботот е лесен. Извршува задачи за кревање на различни товари, исполнувајќи ги највисоките индустриски стандарди.

хуманоиден робот


Работата на роботот е дел од соработката меѓу компаниите UBTech, Geely Holding и Miracle Automation Engineering. „За време на три недели обука на лице место, Walker S Lite користеше навигација VSLAM (визуелна истовремена локализација и мапирање)… Учење со имитација од крај до крај… Визуелно препознавање и фино- грануларна контрола на движење за автономна навигација и работа заедно со автоматизирани возила со водење ( AGVs) на различни производствени линии.“ пишува verijahak.hr, пренесува autoblog.rs

Walker S Lite може да крева кутии со тежина од 15 килограми додека се движи. Опремен со серво-погони со високи перформанси и 6-димензионални сензори за сила. Ова претставува голем чекор за компанијата Zeekr, затоа што со усвојувањето на хуманоидниот робот, всушност е нов чекор и голем скок кој се приближува до идејата кон понатамошна автоматизација во производството на електрични возила.

Како е ова поврзано? Во месец Февруари, за роботот Walker S беше објавено видео каде истиот се наоѓаше во фабриката Nio. На видеото беше претставен хуманоиден робот кој извршуваше различни задачи проверка на квалитетот на бравите на вратите, безбедносните појаси, поставеноста на логото и слично.