Низ историјата, постојана е трката кон подобрување на автомобилите. Кон поиновативни решенија, како и решенија поврзани со зголемување на безбедноста на патот. Денес, повеќето се восхитуваат на надворешниот изглед, како и ентериерниот дизајн и перформанси, но ајде да нурнеме малку подлабоко. Од каде потекнува името, колку автомобили има на планетата земја, кој е најпосакуваниот модел во светот и т.н. Подолу во текстот, прочитајте неколку факти за автомобилите кои веројатно не сте ги знаеле.
Во 1986 година, имало само 500 милиони автомобили низ светот. Но, денес таа бројка е енормно зголемена, а изгледа дека ќе доживееме уште поголем раст. Постојат околу 1,2 милијарди автомобили во светот денес. Бернштајн, истражувачка куќа, за овие интересни факти, предвидува дека очекувањата до 2040 година се дека светот ќе биде „преплавен“ со вкупно 2 милијарди автомобили.
Постојат околу 1,2 милијарди автомобили во светот денес, додека пак имало само 500 милиони во 1986 година. Според извештајот објавен од страна на истражувачката куќа Бернштајн, ќе има вкупно 2 милијарди автомобили на планетата до 2040 година.
Во Лос Анџелес, има повеќе автомобили отколку луѓе.
„Carrus” значи вагон со две тркала и токму овој е зборот од кој потекнува името „автомобил“.
Во САД само 12 милиони возила се рециклираат секоја година. 80% од просечниот автомобил може да се рециклира.
Според австралиската студија, белите возила се со помала веројатност да бидат вклучени во несреќа за 10%.
Тесла Во 2017 година, стана втора највредна автомобилска компанија во светот.
Кина произведува речиси една четвртина од вкупните автомобили во светот.
Ако одите во Русија, имајте на ум дека автомобилот треба да ви биде чист, затоа што во спротивно следи казна. Возењето на нечист автомоби се смета за кривично дело.