Електричен кросовер Hyundai со три реда седишта на крајот на годината, Genesis најавува хибридни модели
Hyundai Motor Group се подготвува да лансира нови електрични модели базирани на нивната E-GMP платформа за електрични возила.
Еден од овие модели е новиот електричен кросовер со три реда седишта. Истиот ќе биде достапен на пазарот кон крајот на оваа година. Претпоставува се дека ќе биде сериска верзија на концептот Hyundai Seven од 2021 година.
Концептот имаше досег од над 300 милји (483 км) и можност за полнење до 80% од батеријата за околу 20 минути.
Во споредба со концептот, кој имаше меѓуоскино растојание од 3200 мм, серискиот модел на Hyundai (кој може да биде именуван Ioniq 7 или Ioniq 9) ќе има поелегантен надворешен дизајн… Редизајниран енетериер, со капацитет за двајца патници напред, тројца во средината и двајца на задниот дел.
Серискиот модел се очекува да биде достапен во две варијанти:
една со погон на задните тркала
и друга со погон на сите четири тркала и два електромотори.
Што се однесува до луксузниот бренд Genesis на Hyundai, акцентот во идниот период ќе биде ставен на хибридните модели. Глобалниот директор на Genesis, Мајк Сонг, ги потврди плановите за воведување на хибридната технологија на „колку што е можно повеќе модели“ пред брендот целосно да премине на електрични возила подоцна.
Genesis првично се обврза да лансира само електрични возила од 2025 година. Но, оваа стратегија сега е изменета за да вклучи и хибридни модели.
Сонг изјави дека „потрошувачите сега се повеќе сакаат хибриди отколку електрични возила“, што го мотивира Genesis да ја воведе хибридната технологија на пазарот „што е можно поскоро“ и да ја имплементира на „што е можно повеќе модели“.