ChatGPT – Нов Гласовен Асистент во Автомобилите на Škoda

ChatGPT

ChatGPT се вклучува и во возењето. Сега можете да возите и да добивате информации за многу прашања преку гласовни одговори. Колку е тоа добро? Од банални до комплексни прашања чиј одговор отсекогаш сте го сакале. Сега, гласовниот асистент на Škoda Auto, именуван како Laura, ќе ви одговори на било кое прашање.

Škoda Auto откри дека нивниот гласовен асистент Laura сега ќе користи чат-бот базиран на вештачка интелигенција ChatGPT. Имено, „чат-бот“ како што веќе се знае, е компјутерска програма дизајнирана да симулира разговор со човечки корисници, најчесто преку текстуални или гласовни команди.

ChatGPT

Овој нов додаток има за цел да го подобри возачкото искуство, правејќи ги секојдневните задачи полесни. Функцијата ќе биде достапна во моделите на Škoda направени на платформите MEB GP и MQB EVO.

Со оваа надградба, возачите ќе можат да пристапат до голема база на податоци за вештачка интелигенција и да добиваат гласовна содржина за време на нивните патувања. Оваа можност е поддржана од Cerence Chat Pro, развиена од Cerence Inc., која овозможува специјализирана интеграција на ChatGPT во возилата.

Најважно е што личните податоци и информации за возилото остануваат безбедни. Како сето тоа изгледа, погледнете во видеото подолу во текстот: