Студија: На кое место во автомобилот има најмногу бактерии?

бактерии

Често наоѓаме податоци, совети, известувања за тоа каде најповеќе се наоѓаат бактерии. И на оние перфекционистите ,добро име познато дека бактериите најповеќе ги има на тастатурите… На екраните, на паметните телефони… Но, што се случува со автомобилите? Каде има најповеќе бактерии во нив?

Сигурно имате слушнато дека бактериите најповеќе владеат на воланот, но една студија го докажува сосем спротивното. Имено станува збор за студија Др. Џонатан Кокс од Универзитетот Астон, кој го измерил присуството на бактерии на неколку места во пет различни автомобили. Заклучокот и резултатите од ова истражување, тврди дека најповеќе бактерии се наоѓаат во багажникот. истите биле идентификувани со бројка од 1.425. На второ месо, кое се прогласува за најпотенцијално загрозено во поглед на постоење на бактерии и највалкано се најде возачкото седиште со 649 бактерии. Потоа е рачката на менувачот, задните седишта и таблата со инструменти.

бактерии

Иако на воланот се очекувало да се најде најголема контаминација, тоа не се случи. па на него се најдени само 146 идентификувани бактерии. Д-р Кокс, после студијата истакна дека бактериите во багажникот најповеќе доаѓаат од храна, а токму тие ги носиме и дома. Токму затоа тој препорачува редовно и темелно миење на храната, дезинфекција на автомобилот, особено на багажникот..

„Важно е редовно и темелно да се чисти внатрешноста на автомобилот, особено теписите, држачите за чаши, како и шевовите и пукнатините на тапацирот, кои се голема почва за нечистотија. Се препорачува и чистење на отворите за вентилација, каде бактериите наоѓаат „плодна почва“ поради оптималната температура.“ – вели Др. Џонатан Кокс од Универзитетот Астон.