Јутјубер го претвора Mitsubishi Pajero во Mercedes-AMG G63 користејќи дрво
Многумина сонуваат да би го имале Mercedes-AMG G63, но се разбира треба длабок џеб. И додека повеќето соништа се исполнуваат само под услов тоа да е така, еден јутјубер дојде до необична идеја. Неговото видео стана вирално, а еве што направи тој.
Станува збор за јутјубер од каналот НД – Woodworking Art, кој користејќи дрво како материјал, успеа да направи успешна реплика и да го исполни својот сон. без многу буџет. Јутјуберот ја воодушеви публиката со своите импресивни вештини.
„До пред неколку години правеше мали модели од дрво, но подоцна се префрли на поголеми реплики наменети за деца. Минатата година тој потроши 100 дена градејќи ја својата верзија на Тесла Cybertruck, но репликата G 63 е неговата најамбициозна и најимпресивна креација до сега.“ – пренесува automagazin.rs.
Во видеото подолу, погледнете како течел процесот и финалниот резултат кој е навистина неверојатен.