Донесен закон за автономни возила во Обединетото кралство
Се вели дека од 2026 година и во Обединетото Кралство ќе се дозволат автономни возила, но под одредени услови.
Колку и да изгледа ирелевантна оваа информација, на почетокот на 19 век во Велика Британија бил донесен закон за пред секое возило да оди човек кој со црвено знаменце ќе симболизира и ќе ги предупредува возачите на запрежните коли дека доаѓа нешто опасно. И колку и ова да звучи смешно, тоа до одреден степен беше еден вид револуција во овој свет.
Историјата се повторува.
Или поточно повторно се случува револуција во однос на транспортот во кој во иднина ќе владеат автономни возила. Се разбира, се исклучува варијантата пред возилата да се движи човек со знаменце. Наспроти тоа, револуционерскиот потег е тоа што во иднина ќе владеат автономните возила. Сепак безбедноста ќе биде гарантирана на друг начин. . Тоа е и суштината на новиот закон кој дозволува воведување на потполно автономни возила на британските патишта веќе од 2026 година, под услов тие да постигнат барем еднакво ниво на безбедност како внимателните и компетентни возачи. Имено во автономните возила „возачот е ослободен од физичко управување со автомобилот со рацете на управувачот и стапалата на педалите во исто време.“ Сепак, според правилата, возачот мора да биде подготвен да го преземе управувањето во било кој момент.
Сепак, индустријата за сега е воздржана, но гледа оптимистички. Но, не се исклучува фактот дека допрва треба да се осознаат можните пречки. Пречки во практичниот дел на спроведување на овој закон. Имено, целата одговорност ќе биде цврсто поврзана со производителот и осигурителната компанија.
Се разбира, јавноста не е толку оптимист и сеуште се плаши од оваа амбиција. Фактот дека возилата ќе управуваат сами низ улиците без физичка контрола од возачите, за нив е нешто апстрактно. Така според анкетите, 15 отсто гледаат позитивно на автономните возила. Додека 58 отсто се преплашени од оваа помисла. Но, како и да е, каде има сила нема правдина, па изгледа светот полека мора да се привикне на новата реалност.