Бикот на Волстрит – Која е приказната зад оваа скулптура?

Бикот

Во Њујорк се наоѓа една од најпознатите скулптури во светот. Станува збор за бикот од Волстрит. Зад оваа скулптура се крие голема историја. Бројните прикази, легендите и верувањата за истата, сведочат за импозантното уметничко дело. Она што е интересно е пораката во која се верува: „ Бикот ја симболизира „грижата“ за американскиот народ.

Кој е таткото на ова уметничко дело? На Бикот од Волстрит.

Уметникот Артуро Ди Модика е таткото на оваа скулптура. А еве како тој се позиционира токму на најпознатата улица во светот. Веднаш после поставувањето на новогодишната елка во Њујорк, бил поставен бикот. Тоа било моментот после големиот пад на американската берза во 1989 година. Идејата на Модика била, скулптурата да се сфати како подарок: „Бикот да ја слави решителноста и духот на американскиот народ! Истовремено асоцира дека е тука да се посвети кон него… Кон оние кои стремат кон успех и да сведочи за бодрењето и грижата кон својот народ.

360 000 долари биле вложени лично од Ди Модика за да се дооформи скулптурата. Зошто го направил ова? Затоа што сакал да се оддолжи за гостопримството на Америка. Модика бил италијанец. А изненадување не би и било изненадување, доколку не е тајна. Затоа бикот бил поставен скришно и илегално пред њујоршката берза.

Бикот

Можеби, токму затоа, првенствено, се сфаќа дека бакарниот лик на моќното животно на Волстрит, е симбол на „сила и храброст“, што значи дека додека е таму, берзата ќе може да го одржува пазарот засекогаш. Скулптурата е висока 3,4 метри, долга 4,9 метри и тежи 3.200 килограми. Таа покажува разјарен бик, подготвен да нападне и со изгледот оддава израз на моќ и сила.

За жал, Бикот на Волстрит одеднаш премина во агресор со антитеза за пораките. Причината е што наспроти него во 2017 година, беше поставена скулптура од бестрашна девојка како симбол на родова еднаквост. Овие страни изгледаат како спротивставени и бикот како нешто кое беше позитивно, смело, нешто моќно кое го бодри американскиот народ, малку ја изгуби целата смисла.

Полицијата ја запленила структурата, но по бунтовноста на јавноста и нејзините спротивставувања, бикот е вратен ан своето место каде што стои и ден денес.

Уште еден интересен факт за оваа историја поврзана со американската берза, со моќта на народот и нивната амбиција за секогаш подобри времиња се изразите кои често се слуша на Волстрит. Станува збор за поимите „мечката и бикот“. Имено, кога владее мечката, тоа значи дека цените паѓаат. А кога владее БИКОТ, цените на акциите растат.