Сѐ повеќе стари автомобили се возат во Америка

автомобили

Американците возат сѐ повеќе стари автомобили.

Теренците, камионите и автомобилите во САД сѐ повеќе стареат. Според проценките достигнаа и рекордна бројка на просечна старост од 12, 6 години.

Просечната старост на возилата се зголемила за околу два месеци во однос на минатогодишниот рекорд. Просечниот животен век на еден автомобил е зголемен за три месеци во 2023 година.“. Вели S&P Global Mobility, кој ги следи податоците за државната регистрација на возила низ целата земја

Гласот на Америка пренесува:

И иако цените се намалени за повеќе од 2.000 долари од највисоките во декември 2022 година, многумина не можат да си дозволат да купат нови автомобили. Просечната продажна цена на нови возила во САД, нешто повеќе од 45.000 американски долари минатиот месец.

Тод Компо, директор на пазари во S&P Global Mobility истакна:

– Цената сега е превисока за многу домаќинства, така што мислам дека потрошувачите мора да го возат своето старо возило подолго“,

Меѓу споменатите фактори се евидентира и двоумењето на луѓето. Дилемата околу тоа дали да купат електрично возило или да имаат гас-електричен хибрид или возило на бензин. Многумина, вели Компо, се загрижени за изградба на мрежа за полнење за да можат да патуваат без да се грижат дека ќе останат без батерија. Исто така, возилата се подобруваат овие денови и тие само траат долго време.

Сепак, трендот покажува дека секоја година се продаваат сè повеќе нови возила, што укажува на постепено враќање на пазарот на автомобили на пред – пандемичните нивоа.