Callum Skye на продажба: „Машина која може да ве однесе секаде без да испушта штетни гасови!“

Callum

Иан Калум ja основа Калум (Callum)- независна агенција за дизајн на автомобили и производи. Потегот на Калум беше веднаш после напуштањето на Јагуар.

Компанијата со седиште во Обединетото Кралство сега го проширува својот бизнис. Неодмна го промовира својот прв производ што е целосно дизајниран и конципиран. Имено, Skye е електрично возило кое оваа гигантска компанија – Callum, го опишува како машина. Машина што може да ве однесе насекаде без да испушта штетни гасови.

Од компанијата објавија дека возилото ќе биде достапно во две форми. Едната од нив ќе биде повеќе со теренски способности, а додека пак другата ќе биде наменета за возење по патиштата.

Компактниот автомобил со погон на четири тркала и распределба на тежина од 50:50, Skye има батерија од 42 kWh. Истата обезбедува опсег од околу 275 километри и нуди опција за брз полнач што може да ја наполни батеријата за помалку од 10 минути.

Забрзувањето од 0-60 милји на час (96 km/h) ќе трае помалку од четири секунди, а сепак тежината се проценува на 1.150 килограми.

Со попросторен и софистициран ентериерен дизајн, префинетата кабина е со распоред од 2+2 седишта, а клиентите оценуваат дека повеќе станува збор и за модерен дизајн. Видливоста е зголемена со големите прозорци, а она што е новитет е дека дури и долните делови од вратите имаат стаклени панели. Adventure EV е долг 4047 mm и широк 1900 mm.

Иан Калум, во описот за автомобилот изјави:

-Со должина од четири метри, Callum Skye е драматично пропорционален со концизната надворешна естетика поттикната од неговите способности. Дизајниран е да ги надмине очекувањата: минимална тежина, максимална способност – исклучително употреблив и апсолутна радост за возење.

Калум не кажа колку примери ќе направи, додека цените се движат од

80.000 до 110.000 фунти е сумата која клиентите треба да ја имаат, за да можат да си го дозволат овој автомобил.

…А од Калум сеуште не е познато колку примероци ќе се направат од истиот.