Вашиот автомобил веќе не е нов и едвај поминува технички прегледи со претходни подготовки и поправки.
Во нашата земја, малкумина можат да си дозволат нови автомобили, па повеќето од нас се возат со тоа што го имаат, додека не заштедат за понов половен автомобил. Еве неколку знаци дека вашиот автомобил полека „умира“:
Тресење при поаѓање и запирање – Ако автомобилот се тресе при забрзување или кочење, и се слушаат чкрипења или невообичаени звуци, најверојатно е проблем. Поправките се скапи, па размислете за подобар автомобил.
Корозија
‘Рѓата значи аларм бидејќи брзо се шири. Поправката може да биде скапа, па често се игнорира. Зимските хемикалии ја оштетуваат бојата и лимот… А водата што навлегува, предизвикува дополнителна корозија. Анализирајте ја штетата темелно за да процените колку е сериозна.
Течење на течности
Автомобилот, како и човечкото тело, треба течности за да функционира. Ако постојано дополнувате разладувач, масло, масло за кочници или течност за серво-волан, тоа значи дека системот ќе откаже наскоро. Не можете така засекогаш…
Зголемени трошоци
Кога сте го купиле автомобилот, можеби цените на горивата биле пониски. Сега точењето гориво ви го нарушува буџетот. Размислете дали тој автомобил е сè уште најдобра опција или треба да побарате нешто поштедливо.
Цени за поправка
Пред да потрошите многу пари на мотор или дел, запрашајте се колку би можеле да го продадете додека е во сеуште некоја добра состојба. Можете ли со приходот од продажбата и парите за поправка да купите понов и подоверлив автомобил?
Ламбички…
Најраниот знак за истрошен автомобил е на контролната табла. Не игнорирајте ги предупредувачките светла! Ако свети „check engine“, однесете го автомобилот на механичар. Ако свети ламбичката за притисок на маслото, веднаш застанете. Ако често се палат повеќе ламбички, побарајте друг автомобил.
Километража и гаранција
Фабричката гаранција е важна, но проверете километражата за истекот. Синиот чад од ауспухот покажува проблеми со маслото, белиот – со разладната течност. Црниот чад кај бензинците може да биде знак за проблеми со горивото. Не смеете да ги игнорирате овие знаци.
Прескокнување на сервисите
Редовните сервиси на моторот се од суштинско значење за автомобилот. Прескокнувањето на редовните одржувања може да доведе до дефект. Може да настане скап дефект, што значи дека е време да почнете да штедите за нов мотор.
„Заспан“ менувач
Не точните и бавните промени на рачниот менувач обично се помали проблеми. Но, ако имате автоматски, кој реагира бавно, тоа може да биде знак за проблеми. Кога автоматскиот менувач почнува да не менува брзини, тоа е крај. Поправката е скапа и е време за нов автомобил.