Во италијанскиот град Бари Ситроен Ами е најпопуларниот електрично возило. Луѓето го изнајмуваат за превоз неколку минути, потоа го оставаат, а по нив други ја користат услугата.
Имено станува збор за електрично возило кое всушност го поштедило животот во градот со проценка од 20 тони ЦО2. Изнајмен е веќе 18 000 пати од страна на жителите на ова автентично италијанско градче. Ситроен АМИ извозил близу 70.000 километри.
Француската марка се залага за нов и чист вид на превоз во градовите, а за таа цел Ситроен отпочна соработка со Пикирент, стартап компанија, што им нуди токму таков вид на превоз на своите корисници.
Имено Бари има 300 000 жители и се наоѓа во јужна Италија, а Пикирент работи токму во овој град и им нуди на располагање 38 електрични Ситроен Ами. 32 возила се во стандардна изведба, а шест пак, се товарни Мај Ами Карго. Наскоро се приклучуваат уште 30 патнички Ами, а услугата ќе биде достапна и во гратчето Таранто.
Но, како сето ова функционира?
Доколку сте во план да го посетите ова место, треба да знаете дека една минута користење на возилото чини 39 евроценти, односно околу 25 денари, плус паушал од 1 евро по возење.
Со оглед на развојот а технологијата, се стреми кон прилагодување и поголема достапност на услугите, па токму затоа, за да го користат ова возило, жителите на Бари пак, симнуваат апликација во која кажуваат како ќе ја платат услугата. Секако после ова, очекуваат да знаат каде може да го најдат најблиското слободно возило, а апликацијата ги известува за тоа. Го резервирате и го имате. Откако ќе го искористите Ситроен Ами за постигнување на вашата цел, за одење до одредената дестинација или едноставно за уживање во „вожњата“, го оставате на јавен паркинг и плаќате само за минутите кои веќе сте ги искористиле.