Извештај на институтот Милкен, ги покажа најдобрите дестинации за инвеститори. Имено, од петте, четири дестинации се стационирани во Европа.
На врвот на ранг листата за годинава, се најде Данска. Првото место го освои токму поради проценката за перцепцијата на бизнисот, мерките кои се преземени за лесно работење на земјата и други показатели. Меѓу другото, таа се најде и на трето место во однос на економски основи. За да биде токму тука рангирана, Данска ги исполнува условите кои вклучуваат евидентни напори за создавање одржлива и отпорна економија и општество. Економските основи опфаќаат макоекомномски ефекти, таленти на работна сила.
Кога се зборува за индексот, се нагласува дека истиот е составен од 100 индикатори кои од своја страна се поделени во пет категории:
-економски основи
-перцепција на бизнис
-финансиски услуги,
-меѓународни стандарди и политика
-институционална рамка
Целосниот извештај за најдобрите дестинации за инвеститори, може да го погледнете на овој линк. Шведска е на второ место на глобалниот индекс на трето место е Данска, САД се на четврто место, а Обединетото Кралство на петто место.
Што се однесува до тоа кои се десетте најдобро котирани азиски економии за инвестирање, листата е следна:
- Малезија
- Тајланд
- Кина
- Индонезија
- Виетнам
- Индија
- Монголија
- Шри Ланка
- Филипини
- Камбоџа