Трпението несомнено е најпотребното нешто кога станува збор гужвата во сообраќајот. И можеби не е до целиот тој сообраќаен метеж, туку напротив. Тензијата си ја создаваме сами. Во однос на оваа тема, една Британска организација за помош на пат (RAC), направи истражување и според податоците од истото, заклучи нешто штом станува збор за трпението кога чекаме пред семафор.
Имено, според нив возачите кои се задржуваат пред семафорот кој веќе алудира со зелено светло, а тие чекаат три секунди, им го губи трпението на оние кои чекаат зад нив. Истражувањето беше спроведено на 2.498 возачи и според податоците, 46 отсто од возачите веруваат дека не треба да поминат повеќе од три секунди откако ќе се вклучи зеленото светло за да почнат да се движат.
Според спроведеното истражување на Британската организација за помош на пат (RAC) овој податок е алармантен и кога станува збор за загадувањето на воздухот. Загриженоста е во фактот што оние возила кои се задржуваат три секунди на зелено светло, уште повеќе придонесуваат за загадување на воздухот поради нивната бавна реакција и задржување во место. Ова е исто така загрижувачко кога станува збор за безбедноста во сообраќајот и сообраќајниот метеж.
Од испитаниците, околу 17 отсто, рекле дека многу повеќе од често не успеваат да поминат на тоа зелено светло поради оние автомобили пред нив што всушност не реагираат навремено и брзо. Додека пак околу три четвртини (64 проценти) велат дека морале да чекаат повеќе од 10 секунди „на зелено“.
И додека во сите останати сфери жените се оние кои немаат трпение, кога станува збор за сообраќајот, мажите се револтираат далеку повеќе од понежниот пол кој стои зад воланот. Проценето е дека бавноста во движењето повеќе ги иритира мажите отколку жените (50 отсто во споредба со 41 отсто).
Од друга страна, 35 проценти (една третина) од оние кои се испитале, велат дека се справуваат со оваа „проблематика“ и можат да почекаат четири до шест секунди, но не повеќе од тоа. А само седум проценти се индиферентни на оваа тема и рекле дека можат да чекаат толку долго колку што им е потребно на оние пред нив.
Сајмон Вилијамс, потпаролот на RAC, изјави дека повеќе од три секунди „може да изгледаат како вечност кога се обидувате да поминете на семафор“, особено затоа што за некои зеленото светло трае само 15 секунди. „Премногу возачи поради некоја причина не обрнуваат доволно внимание на она што се случува околу нив кога чекаат ред на семафор“, заклучи потпаролот.
Задоцнетото забележување на зелениот светлосен сигнал од семафорот, не само што го одолговлекува времето на возење и предизвикува метеж, туку водено го загадува воздухот и може да биде фатално. Тоа е последица на наглото тргнување и невниманието. Во тој миг возачите се потполно дефокусирани и воопшто не забележуваат на нивните ретровизори дали можат да тргнат. Според ова истражување, задолжителна е поголем концентрираност кога сме вклучени во сообраќајот, затоа што најмалото невнимание може да предизвика фатални последици.
… А во прашање се само три секунди!