ЌЕ СЕ ОПРОСТИМЕ ЛИ СО ЧОКОЛАДОТО?-ЦЕНИТЕ НА КАКАОТО ДУПЛИРАНИ ОД ПОЧЕТОК НА 2024! ЕВЕ КОЈ Е ВИНОВНИКОТ

Познато е дека предпразнично расти побарувачката на чоколадо. Во моментот зборуваме за деновите пред големиот христијански празник Велигден. Имено, како што пренесува магазинот pari.mk, „Фјучерсите на какаото се двојно повисоки за помалку од три месеци, бидејќи нивниот значаен пораст се интензивираше, во време кога расте побарувачката за чоколадо пред Велигден.“

Во Њујорк се случува најактивниот договор и е зголемен за 5,9% до 8.493 долари за метрички тон, што е највисоко досега.

Главниот виновник кој стои зад оваа веќе тажна чоколадна приказна е феноменот Ел Нино, а истражувањата докажуваат дека цените на какаото всушнсот растат вртоглаво бидејќи поради климатските промени. Имено овие констатации доаѓаат од ECIU (Единицата за разузнавање за енергија и клима , непрофитна организација фокусирана на животната средина. ) Се известува дека овие два фактори предизвикаа ескалација на цените на какаото, кое всушност е фундаменталната состојка на чоколадото. Имено, неделава се постигна рекордна цена на зрната какао од повеќе од 8.260 долари по тон.

И кога сме кај климатските промени, во последно време се случуваа екстремни промени на најголeмите гиганти, светски продавачи на какао. Станува збор за Брегот на Слоновата Коска и Гана, каде во последно време временските услови се ужасни. Тие се соочија со обилни врнежи од дожд во 2023 во Декември, (двојно повеќе од очекуваното споредбено со изминатите 230 години) што од своја страна предизвика негативно влијание на количината на какао. Ова предизвика појавување на гнили растенија од какао и болест на црна мешунка. World Weather Attribution направи анализа каде објави дека топлотниот бран во февруари во Западна Африка е десет пати поверојатно поради климатските промени. ECIU призна дека овие непредвидливи временски појави „влегле во меѓународните цени на стоките“. Во нивниот извештај, се наведува дека оваа комбинација е предупредување, затоа што претставува закана за другите главни прехранбени производи увезени од погодените земји. Во нив се напоменува кафето од Виетнам, оризот од Индија, бананите од Колумбија, лиметата од Бразил, чајот од Кенија, грозјето од Јужна Африка.