Фалсификуваната километража и натаму актуелен проблем на пазарот на половни возила

Борбата против лажираните километражи кај автомобилите, останува актуелна и покрај фактот што клиентот или купувачот е свесен за ваквиот ризик и цели кон сѐ поголема претпазливост и заинтересираност за она што го купува.

За жал, измамите од ваквиот тип котираат сеуште високо и остануваат како дискутабилни прашања на кои клиентот бара одговори.  

Трошоците за одржување на автомобилот, полека стануваат енормни, а практиката на враќањето на километражата станува вообичаена на пазарот на користени возила со цел поголема заработка од страна на трговците. Последователно откриените нерегуларности значат намалена вредност на автомобилот. Проценети се дури 8,77 милијарди евра годишно за загубите.

Имено, луксузниот седан Ауди А8 кулминира во топ листата автомобили со најчесто вратена километража. Според тестирањата, за секој трет користен автомобил Ауди А8, постои можност за лажна километража односно во евиденцијата на платформата откриени се 30, 6 % со фалсификувана километража.

Следни „измамници“ на листата се BMW X5, Audi A7, BMW Серија 7 и Volkswagen Touareg.