Понекогаш и најлошата реклама може да привлече внимание, но дали ова била намерата на еден трговец?
Во последно време, преовладува една рекламна фотографија на која трговците ги убедуваат клиентите да го отфрлат својот стар автомобил и да добијат нов. Блескав нов. Но, има трговци и трговци нели?
Ок, кога ќе работиш и кога брзаш, мораш да погрешиш, но веројатно ова е големка грешка, велат.
Имено, дилерот на Сузуки во Гана ја „помешал“ работата. Навистина имал добра намера и убаво си ја споделил фотографијата на која јасно се гледа како е поделена сликата на стар автомобил кој треба да се замени со нов. Но…Стариот автомобил во овој случај е Lancia Integrale Evo 2, кој вреди околу 100.000 евра за еден примерок во добра состојба, значително над 18.000-19.000 евра колку што чини Suzuki Baleno.
Кога би одбирале меѓу овие два автомобили, јасен би бил изборот кој ќе го направиме. Секако легендарната Delta во одлична состојба. И така, нам ни е јасно, но веројатно некој од маркетинг агенцијата на светски познатиот бренд на Suzuki, не е доволно инволвиран во светот на автомобилската индустрија, трговија. Или, пак можеби многу добро знае како да привлече внимание нели?
Извор: Revijahak.hr