Париз ги наградува велосипедистите, а ги казнува возачите на автомобили! – Непрекинато се зголемуваат трошоците за паркирање на СУВ возила

Дејвид Белијард, заменик-градоначалникот за сообраќај на изненадување на многумина, (изгледа особено на оние кои се вљубени во автомобили), неодамна изјави: „ Кој би помислил пред десет години дека велосипедите ќе ги надминат автомобилите. Да, тоа веќе се случи.“

Имено, според анализата, во Париз велосипедите се примарно превозно средство и веќе се надмина бројот на граѓаните кои ги користат автомобилите за истите цели.

Според студијата, парижанките избираат велосипеди за 11,2 отсто од патувањата во градот, додека само 4,3 отсто од патниците избирале автомобили, пишува automagazin.rs и понатаму пренесува: „ најзастапен начин на движење во Париз е пешачењето, кое го избираат 53,5 отсто од парижаните, додека 30 отсто од јавниот превоз.“

Сепак, ова е студија што е реализирана меѓу периодот од октомври 2022 година до април 2023 година. Старосната група што се анализата е на возраст помеѓу 16 и 80 години.

Секако ова и беше намерата на Париз да се исполнат мерките за климатските промени, па така светски познатиот град и туристичка атракција, продолжува да инвестира во нови велосипедски рути. Своевремено го намалува бројот на паркинзи за автомобили.

Но, во париските предградија, автомобилот е сеуште на пиедесталното место. Градот се спротивставува и на ова и властите упорно и активно работат на проширување на приградските линии на метрото.
Оваа пракса продолжува и денес и непрекинато се зголемуваат трошоците за паркирање. Постепено се воведуваат забрани за дизел возилата, а истовремено се развива и мрежа од велосипедски патеки во пренаселениот центар. Градот исто така го редуцираше бројот на паркинг места на улиците, поттикнувајќи ги возачите да користат подземни паркинг простори.

Имено, во текстот на mkd.mk, објавен во февруари оваа година, е истакнато дека најповеќе го дадоа својот глас парижанките кои инсистираат на трајно зголемување на трошоците поврзани со паркинг места на СУВ возила (спортски теренски возила). 54,6 отсто од на населението гласале за воведување на мерки за посебни давачки за паркирање на теренци.

Околу 10 отсто од возилата во Париз, ќе бидат погодени со повисоки такси за паркирање, вели Белијард од Партијата на зелените. Тоа несомнено може да му донесе на градот до 35 милиони евра годишно.

Секако на ова се спротивставува некој. „40 милион Дотомобилист“ е лоби групата која изјави револт и длабоко несогласување, тврдејќи дека возачите имаат потполно право да одберат какво возило сакаат. Групата предупреди дека ова се неправедни одлуки и се дело на „ултра-урбано и антиавтомобилско малцинство“