Пад на акциите по најавата на Цукерберг дека ќе инвестира во вештачка интелигенција

pad na akciite na Mark Zukerberg

Пред самото отворање на берзите на САД, акциите на технолошката корпорација МЕТА, паднаа за 15 отсто. Тоа се случи откако светски познатиот извршен директор  Марк Цукерберг објави за време на самиот повик за заработка дека инвестициите во (ВИ) вештачката интелигенција, носат профит меѓутоа само на долг период. 

Ова е пресврт во одлуките на Цукерберг кој го заинтригира јавноста.

Ројтерс пренесува дека Мета изгубила повеќе од 180 милијарди долари од пазарната вредност по падот на нејзините акции.

И покрај се, Марк Цукерберг, најави големи инвестиции кои се поврзани со вештачката интелигенција.

На конференција за инвеститори за првиот квартал, технолошкиот гигант, пријави поголеми очекувани приходи, но прогнозираше и бавен раст.

Компанијата прогнозираше помала продажба за вториот квартал и предвиде големи трошоци во својот оддел за вештачка интелигенција, па така се случи и падот.

Сепак, ова не е ништо за човекот кој ја смени историјата на општото човечко живеење и го донесе facebook како нешто кое денес им е познато на веројатно секој човек на планетата земја. Марк ја задржува својата позиција на еден од најбогатите луѓе во светот, наоѓајќи се на четврто место.

Од технолошката корпорација МЕТА, известуваат дека инвестициите во вештачката интелигенција ќе продолжат, но сепак јасно е дека Meta останува компанија за огласување, а токму од тука ги црпи нејзините приходи.