„ОТВОРЕН ДЕН НА УКЛО“ – Студентите заинтересирани за дејноста осигурување

ТРЕТИОТ ОТВОРЕН ДЕН НА УКЛО е настан кој се одржа во Охрид, а истиот од своја страна претставува успешен пример за партиципативен пристап и активно партнерство кое прогресира околина за младите и студентите да останат во регионот. Да ги стават на располагање своите вештини на локалната заедница.

Инаку, Третиот отворен ден на УКЛО И ПРИЈАТЕЛИТЕ, се одржа под мотото ПОВЕЌЕ ОД ОБРАЗОВАНИЕ“. Официјалното отворање беше од страна на Ректорот на УКЛО, Проф. Д-р Игор Неделковски и Деканката на ФТУ Охрид, Проф. Д-р Снежана Дичевска. Компаниите и единиците на Универзитетот, после двете панел дискусии, можеа да ги презентираат можностите за кариерен развој на своите институции.

Интересно е што студентите, особено од отсекот „Осигурување“ на ФТУ Охрид, покажаа интерес околу дејноста осигурување. Компанијата СН Осигурителен Брокер, ја презентира својата работа, дејноста и на студентите им беа претавени кариерните можности. Како лидер во пазарот на осигурувањето, СН Осигурителен Брокер ја истакна важноста и големата улога на осигурувањето кај поединците и им ја објасни можноста за успех на деловен и кариерен план во оваа област.

Навидум, осигурувањето на прв поглед се сфаќа како наметнат производ кој е трошок. Но, доколку се разгледа оваа професија, таа објаснува дека токму осигурувањето е тенденција да се создаде што поголема свесност за тоа колку сме навистина подготвени да го прифатиме предизвикот без никаква поткрепа. Оваа професија значи нудење на поддршка и рака која секогаш е потребна за градење на една успешна личност во безгрижни денови. Од тука, осигурувањето не е трошок, туку е штедење.

Младите се повеќе стануваат свесни за нејзиното фундаментално значење и се зголемува заинтересираноста за кариерните можности, особено во компанијата која е докажан бренд во нашата земја – СН Осигурителен Брокер.