Низ историјата: Логото на Ролс-Ројс е инспирирано од љубовна афера


…И сите приказни започнуваат од жена…

По повод стодваесет годишнината, Ролс-Ројс ги истакнува иконичните личности во својата историја. Меѓу нив, Еленор Веласко Торнтон се истакнува како икона што е позиционирана во срцето на една од најпознатите марки во автомобилската индустрија Ролс Ројс. Токму таа е „Духот на екстазата“.

Еленор Веласко Торнто е муза и симбол за елеганцијата што ја олицетворува секој автомобил од марката Ролс-Ројс. Таа азема централно место меѓу клучните фигури зад ова британска најпрестижна компанија. Во продолжение е еве ја приказната што стои зад логото:

Оваа дама била силна, умна, самоуверена и исклучително влијателна жена во автомобилската индустрија. Имено, Веласко била секретарка на Клод Џонсон, клучната фигура за продолжувањето на бизнисот на Ролс-Ројс по смртта на нејзините основачи. Таа била инспирација за Чарлс Сајкс – уметникот и вајарот кој стои зад иконската фигура на „Духот на Екстазата“ или „Летечката дама“ како што ја нарекуваат преку Атлантикот. За потсетување  повеќе од еден век овој орнамент со ова име,  ја краси хаубата на Rolls-Royce. Станува збор за една од најпознатите маскоти, што е симбол и гаранција за престиж и висок статус на сопственикот. Тоа е најмоќниот заштитен знак на марката.

Креаторот на логото, вајарот Чарлс Робинсон Сајкс, за концептот на женската фигура се инспирирал од Еленор Веласко Торнтон. Еленор во тоа време водела двоен живот. Во текот на денот била секретарка, а навечер била модел на уметникот Чарлс Сајкс.

Што се однесува до иницијалниот дизајн на логото на Ролс Ројс, тоа прикажувало женско лице облечено во фино одело, држејќи го прстот над усните – симбол на една тајна врска помеѓу баронот Џон Волтер Едвард Монтагу, вториот барон Монтагу од Болие и уредник на списанието Car Illustrated  и Еленор во почетокот на 1900-тите години. Тајната афера резултирала со девојче кое Еленор го дала на посвојување. Имено баронот веќе бил во брак кога ја сретнал Еленор, но како што велел, тоа било љубов на прв поглед.

Симболот ја раскажува токму оваа љубовна забранета приказна.

Сега добро знаеме зошто девојката на „Духот на екстазата“ или „Whisper“(шепот) како што некогаш се нарекувал и алудирал знак на молчење. Затоа што сепак, зад секоја иконска приказна, стои некоја тајна. 

Ролс Ројс е поврзан со љубовна приказна. Кој би рекол?