Жените го дадоа својот глас – Ова е најдобриот автомобил за 2024 според вкусот на понежниот пол

Во гласањето за најдобриот автомобил за 2024 година, жените го дадода својот глас и според нив, Kia EV9 е Светски автомобил на годината за 2024 година

Изборот беше направен од страна на престижното жири за женско Светско возило на годината (WWCOTY). Секако, тука мораше да се инволвира и датумот за приказната да добие комплетност, па изборот се направи на Меѓународниот ден на жената – на 8ми Март.

Исклучителната способност да ги задоволи различните потреби на корисниците ширум светот, беше можеби пресудна за донесувањето на ваквата одлука.

Kia EV9 поставува нови стандарди кога зборуваме за електричниот SUV (Sport Utility Vehicle). Автомобилот може да се пофали со исклучителни способности и извонредна и напредна технологија . Двонасочното полнење и можноста за брзо полнење се едни од карактеристиките што го искачуваат овој автомобил на пиедестално место. Забележително е дека Kia EV9 има иновативен изглед и дизајн, а во поглед на ентериерниот изглед, тој е со седум седишта.

На пазарот, ова е револуционерна иновација, според жените ширум светот. За тоа се „виновни“ достапноста и и неговата класа. Широката намена и леснотијата на користење се уште едни показатели дека Kia EV9, го достигна врвот, а аеродинамиката се издвојува како исклучителна. Внатрешниот комфор дозволува одлично уживање при возење, што значи дека Kia EV9 е фантастичен за создавање на нови возбудливи и сигурни семејни приказни на патот. Моделот успешно се справува и во тешки зимски услови, а и неговата пространа внатрешност се идентификува како квалитет кој го издвојува од останатите автомобили што се најдоа на ранг листата. Со исклучителна енергетска ефикасност, ова е електрично повеќенаменско возило на иднината.

Минатогодишниот победник беше Kia Niro.