ЕУ  со посебни услови за продажбата на возила со внатрешно согорување

Европската комсија има нов компромис во врска со предлогот за комплетна забрана на новите автомобили со внатрешн согорување. Компромисот го истакна, поради одбивањето на ваквиот предлог од страна на Германија.

Имено, условот на ЕК за дозвола на продажба на возила со внатрешно согорување и после 2035 година е ако истите се климатски неутрални е – горива.

До документот кој врши увид на предлогот на ЕК, стигнала британската агенција Reuters, а предлогот на Комисијата до германското Министерство за сообраќај, истакнува дека возилата кои ќе бидат опремени само со еколошки горива, ќе можат да бидат меѓу дозволените од 2035 година.   

Очигледен е притисокот од страна на Германија врз ЕК, па после објавата на министерството дека започнаа преговорите во врска со ова прашање, Reuters го објави нацрт – предлогот кој цели кон создавање на нови возила и категории во ЕУ кои би се движеле исклучиво на CO2 неутрални горива. Истите, според предлогот, треба да развијат технологија која ќе нанеси последица или едноставно, возилото нема да е способно за стартување доколку во него се користи гориво кое не е климатски неутрално.

Ова насочува кон привремено овозможување на производителите на возила со мотори со внатрешно согорување да продолжат со нивните производства после 2035 година, што всушност е рокот кој го даде ЕУ во кој стои забраната на продажба на бензинци и дизелци.   

Инаку, производтвото на Е – горивата се случува со синтетизирање на заловен јаглерод диоксид и водород кои се произведуваат со користење на електрична енергија, но без CO2. Сепак количните на производство на овие возила сеуште се мали.