„Европските марки се враќаат во салонот во Париз” – Продолжува истрагата на ЕK против кинеските производители!

Изгледа дека конкуренцијата од страна на кинеската автомобилска индустрија, ги притисна французите да се вратат на голема сцена. Имено  марките како Стелантис, Рено, БМВ ќе бидат изложебни во некогаш големиот салон на автомобили во Париз. Овој пат пак, кинеските марки, се ставени на чекање и одмараат. Но, според сите досегашни вести и константната иновативност на пазарот на автомобилската индустрија, изгледа дека кинезите се подготвуваат за затишје пред „извесна“ бура. (Сепак, доколку можат… )

Како и да е, сега е време на европските производители да блеснат на бината со надеж дека ќе ги засенат кинеските модели и потенцијални светски или веќе докажани марки и брендови. Европски 10 автомобили ќе блеснат во салонот во Париз Експо Центар одржи од 14-ти до 20-ти октомври, а светски познатиот настан ќе биде во знакот на погоренаведените марки на автомобили.

Уште во средината на април е потврдено дека 10 марки ќе учествуваат на салонот Меѓу нив се трите марки на Рено Груп – матичната Рено, Дачиа и Алпин, потоа трите француски марки на Стелантис – Ситроен, ДС и Пежо. Учеството на Стелантис е потврдено од луѓе што учествувале во донесувањето на одлуката за салонот.

Единствената кинеска марка што досега го има потврдено присуството е Серес.

Имено институциите на ЕК водат истрага која го поставува прашањето дали Пекинг им помагал недозволиво финансиски на кинеските производители. Дополнително прашање што ја заинтригира истрагата е дали со тоа им се обезбедила предноста за кинеските автомобили да бидат на извозните пазари. Ова може да доведе до казнени царини за произведените возила од Кина. Најреволтирани се французите, па веќе одговорија со повлекување на субвенциите за електрични автомобили произведени во Кина и соодветни мерки. Патем меѓу нив, се наоѓа модел на групацијата Рено – Дачија Спринг.

За повеќе информации шпрочитајте на официјалниот извор