Во Шпанија е откриена банда фалсификатори на евро монети

„Во Шпанија е откриена банда фалсификатори на евро монети. Осомничените, Кинези, ги пуштиле монетите во оптек низ Европа.“ – пренесува pari.mk

Имено, медиумите објавија дека во Шпанија се појавила извесна банда која фалсификувала евро монети. Според полицијата, станува збор за осомничени кои доаѓаат од Кина, а исто така се вели дека 500.000 фалсификувани монети со „висок квалитет“ веќе се пуштени на европскиот пазар.

Дојче Веле истакнува дека шпанската полиција веќе шест години е концентрирана кон истрага на овој случај. ДПА од своја страна истакна: „ Тоа беше исклучително тешка и долготрајна, не само поради тајноста во организацијата и поради практично невозможното следење на фалсификуваните пари, што е карактеристично за фалсификуваните монети. “

Во нашата земја лажните монети во оптек, најчесто може да се пуштаат на патарините затоа што таму странците плаќаат во евра.

Како да препознаете фалсификувани монети, прочитајте тука.