Иновацијата во бизнисот подразбира воведување на нешто оригинално, досега неистражено и неискористено на пазарот каде што делува бизнисот. Одговорноста за секоја нова иновација примарно се фокусира врз претприемачот.
Самиот акт на стартување на бизнис од страна на претприемачот, исто така може да се смета за иновативен чекор. Веројатно претходно сте имале можност да прочитате цитати поврзани со бизнис идеи, но пдолу во редовите ќе се фокусираме на иновации во бизнисот.
–Иновацијата прави разлика помеѓу еден лидер и еден следач – Steve Jobs.
–Иновацијата е специфичен инструмент на претприемништвото. Акт кој им овозможува на ресурсите нов капацитет да креираат богатство – Peter Drucker.
–Учење и иновација одат рака под рака. Ароганцијата на успехот е да се мисли дека тоа што го направивте вчера, ќе биде доволно за утре – William Pollard.
–Иновацијата по дефиниција нема да биде прифатена од прва. Тоа се едни повторувачки обиди, бескрајни демонстрациите, еднолични проби пред иновацијата да може да се прифати и интернализира од една организација. Ова бара “храбро трпение” – Warren Bennis.
–Вообичаеното однесување претставува непријател на иновацијата – Rosabeth Moss Kanter.
–Иновацијата нема ништо со тоа колку пари имате за истражување и развој. Кога Apple излезе со Mac, IBM трошеше најмалку 100 пати повеќе на истражување и развој. Не се работи за пари. Се работи за луѓето кои ги имате, како ги водите и колку добивате од нив – Steve Jobs.