„Најнезадоволниот купувач е најдобриот извор на учење“, Бил Гејтс – Цитати и пoговoрки

Не  е лесно да конструираш бизнис план. Имајќи ги предвид ризиците на патот, многу повеќе од веројатно е дека понекогаш може да се сопнеш, да паднеш, но како после тој пад. Ако сте заглавиле таму некаде помеѓу реализација на вашите деловни планови, нацрти, вашата визија и ако немате доволно инспирација за понатаму, прочитајте неколку цитати од најуспешните луѓе во овој свет и инспирирајте се за тоа како повторно да ја искачите планината и секако да го освоите врвот.

Имено, за успешен бизнис највлијателните успешни луѓе во светот, чиј потпис го знае можеби секој поединец од планетата земја, пренесуваат дека падот на бизнисите не се однесува на работодавецот, туку на губењето грижа околу корисниците и извршувањето на барањата на клиентот, како и отстранувањето на имплементацијата на ефикасни апликации и процеси. Еве кои совети и заклучоци би ги издвоиле од успешните личности, како и поговорки кои ќе ви го поместат фокусот кон разгледување на јасната слика. Излезете од кризата и добијте го она што сте го наумиле.

„Вашиот најнезадоволен купувач е најдобриот извор на учење“, Бил Гејтс – „Microsoft“.

„Не ги плаќа работодавецот платите на работниците. Работодавецот управува само со парите, а купувачот е тој кој ги создава платите на работниците“, Хенри Форд – „Ford Motor Company“.

„Приближете се поблиску од било кога до своите корисници. Толку блиску за да им кажете што сакаат, пред тие самите да го разберат тоа“, Стив Џобс – „Apple“.

„Корисничкото искуство е следното боиште на конкурентноста“, Џери Грегори – „Dell“.

„Доколку работите само за да заработите пари, никогаш нема да успеете. Но доколку го сакате тоа што го работите и купувачот го следите пред вас, успехот е неминовен и ви припаѓа само вас“, Реј Кроц – „McDonald’s“.

„Биди секаде, работи со се, но секогаш воодушеви го купувачот“, мотото на „Macy’s“.

„Да можете да разберете човек, прво облечете ги неговите чевли“, стара американска поговорка.

„Зошто чекате да стане незаборавно“, Тони Робинс.

„Направи потрошувачи, а не продажба“, Кетрин Баркети.