Volkswagen ID.3 Pro S – Низа подобрувања на електричниот модел

Модерна опрема, инфозабава и електричен погон. Германскиот производител на Volkswagen ID.3 чие лансирање за комплетното,, ажурирање” беше минатата година, веќе презентира низа подобрувања за овој електричен модел.

Ексклузивно, моделот презентира дека се надгради со помоќен мотор, нови функции, а пак целата гама има најсовремена инфозабавна мрежа, пократко време на полнење.

,,I. D. 3. o S е зголемен на 170 kW231 КС, па автомобилот сега достигнува 0 до 100 km/h за 7,1 секунда, што е за 0,8 секунди побрзо од претходно.” – пренесува autoblog.rs.

Додавајќи 13 km на комбинираниот опсег на WLTP кој сега е 559 km, е подобрена ефикасноста на електричниот мотор. Неколку минути е намалено времето на полнење на батеријата која сега може да се полни до 175 kW DC. Ова е особено важно за ладно време.

Меѓу другото, ID.3 Pro S добива нов 12,9-инчен екран на допир. Екранот работи на најновиот инфозабавен систем кој има поедноставено мени, попаметен гласовен асистент IDA и интеграција ChatGPT. Секако и помалку копчиња. Освен тоа, компанијата го подобри и head-up дисплејот.

Во контекст на безбедносната опрема, додаден е систем за предупредување за излез, опционален Park Assist Plus и подобрена верзија на Travel Assist. Исто така, инволвиран е и опционален аудио систем Харман Кардон од 480 вати.

Во Германија ID.3 Pro S е веќе достапен за нарачка и цената е 47.595 евра, без субвенции.