Извршнот директор на Рено: Политичарите ќе го уништат континуитетот во автомобилската индустрија

Извршнот директор на Рено: Политичарите ќе го уништат континентот во автомобилската индустрија

Извршниот директор на Рено, Лука де Мео, го искажа својот став и револт кон политичарите. Револтот се однесува на нивното инволвирање во автомобилската индустрија. Според него тие се неуки кога се во прашање понатамошните планови. Како некомпетентни во областа, Лука вели дека тие си земаат за право да донесуваат одлуки во врска со автомобилската индустрија. А токму тоа ќе донесе огромни последици од кои никој нема да има бенефит.

Де Мео, вели дека регулативата на Европската унија во изминатите 20 години е неуспешна. Дека политичарите од левата и десната страна имаат чудни идеи. Левицата би сакале да ги вратат велосипедите. Додека десницата вели дека треба да се врати производството на дизел и да се отфрли напредокот и развојот.

Во време кога пазарот е 20-25% под неговите најдобри резултати. Не е време за конфузни ставови. Де Мео, смета дека треба да се преговара. Да се гледа кон иднината, а не да се оди назад или да се останува во место.

Извршниот директор на Рено, според HAK Review, се залага за разговори меѓу Кина и Европската унија, пред се во контекст на намалување на царините за увоз на кинески возила, рестартирање на пазарот и барање решенија за надминување на кризата во автомобилскиот сектор. За да го направиме ова, вели Де Мео, мора да го искористиме растот на кинескиот пазар, како што беше направено со Јапонците, Американците и Корејците. Со други зборови, тој верува дека денес има многу да се научи од Кинезите.

И Европа е виновна за падот на куповната моќ на граѓаните, кои не можат да си дозволат да купат нов автомобил. Овој проблем ги загрижува и засега и производителите.

„Пред сто години, работник на Форд можеше да си дозволи Форд Т, а денес еден од моите работници не може да си дозволи ни Дачија“, изјави Де Мео.