Папата Франсис доби нов „Папамобил“ и тоа е Mercedes-Benz G580 EQ

Папата Франсис доби нов „Папамобил“ и тоа е Mercedes-Benz G580 EQ

Извршниот директор на компанијата Ола Калениус, официјално му ги предаде клучевите од официјалниот автомобил на Папата. Mercedes-Benz веќе 94 години се грижи за Ватикан. она што е за нив најголема чест е што Папата веќе 45 години го користи култниот и реномиран „Popemobile“ базирани на Г-класата. Истиот сега е целосен електричен, а клучевите за автомобилот кој ќе го вози неговата светост се рачно изработени.

Папата Франсис доби нов „Папамобил“ и тоа е Mercedes-Benz G580 EQ

Папата според тоа што возилото е сега целосно електрично ќе патува без да емисии на штетни гасови. Сепак, сеуште не е официјализирана и не знае информација за големината на батеријата и автономијата на неговото возило. Она што се знае како податок е дека G580 EQ ги исполнува високите барања и е развиено во тесна соработка со Ватикан специјално за употреба на Папата.

Папата Франсис доби нов „Папамобил“ и тоа е Mercedes-Benz G580 EQ

Покривот на автомобилот е отстранет, а доколку има непогодни услови и во случај на дожд, тука е посебен тврд покрив кој ќе го заштити, возачот, совозачот и Папата. Она што е интересно е што на задниот дел има фотелја која се врти. Нејзината намена е всушност папата да може да се обраќа кон публиката од различни страни (агли).

Popemobile е приспособен да се движи со мали брзини и има четири мотори. Ова возило е уникатно и е дел од специјалната програма на Mercedes-Benz. Токму затоа сите технички податоци, се кријат во тајност. Сепак деклариранa е комбинираната потрошувачка на струја од 30,4-27,7 kWh/100 км.