Италијанска ѕверка во тјунинг издание
Кога врвната италијанска инженерска прецизност ќе се сретне со екстремниот тјунинг на Novitec, резултатот е Ferrari 296 GTS N – Largo –суперавтомобил што го привлекува вниманието на прв поглед.
Повеќе моќ, повеќе стил, повеќе ареналин
Под хаубата, овој ѕвер добива унапредување:
Хибридниот погонски склоп кој стандардно испорачува 830 КС (638 Kw), благодарение на доработениот издувен систем и оптимизираните перформанси.

Дизајн што освојува
За подобра аеродинамика, Novitec го облекува Ferrari 296 GTS N-Largo во агресивен карбонски аеро-кит… Комбиниран со ултралесни 21 и 22 – инчни тркала. Ослонувањето е модифицирано и овозможува намалување на висината до 35 мм, а за практичност на нерамнини, достапен е и хидрауличен систем за подигнување на предниот дел.
Ексклузивност во секој детал
Како и секое ремек – дело на Novitec , внатрешноста може да се прилагоди според вкусот на идниот сопственик, со шремиум материјали и персонализирани детали.
Само за избраните
Ако сакате вакво ремек – дело во вашата гаража, мора да бидете брзи – произведени ќе бидат само 15 примероци.