Продажбата на мотори бележи значителен раст во Србија и во петте најголеми европски пазари. Во Италија, Шпанија, Франција, Германија и Велика Британија. Според ACEM, во 2024 година се продадени 1 155 640 мотори, што е раст од 10,1% во однос на 2023.

Најголем пораст е забележан во Германија ( +16,3%), Шпанија (+14,2%) и Италија, која останува лидер со 352 924 продадени мотори (+10%). Додека популарноста на моторите расте, продажбата на мопеди опаѓа. И тоа за 6,5% на најголемите европски пазари, освен во Италија, каде што растот е 19%.
Порастот на продажбата се должи на урбаната мобилност, стилот на живот и новите регулативи, како Euro 5+, кој ќе стпи на сила во 2025 година.