Премиерата на новиот модел на Morgan, конечно е на повидок. Имено Morgan веќе некое време имаше најави за новиот предводник на моделот. Имено, моделот е именуван како Supersport, а неговата премиера е закажана на 11 март. Тој ќе се заснова на еволуцијата на CX платформата на Morgan, која првпат беше претставена во 2019 година.

Supersport наводно ќе има „современа естетика“ иако ќе изгледа како Морган. Новата платформа CXV ќе биде поцрврста и полесна од претходно. Исто така се најавува и дека ќе има шестцилиндричен мотор од BMW.
Ветуваат бројни подобрувања и обезбедени подобри динамични перформанси. Ова нема да биде директна замена за Plus Six, чие производство заврши минатата година, велат од компанијата. 3.0-литарскиот турбо мотор со шест цилиндри во стариот модел имал 335 КС, но новиот би можел да има околу 380 КС. – пренесува autoblog.rs.