Имињата на електричните модели на Мерцедес повеќе нема да започнуваат со буквите „EQ“

И гигантот Mercedes доживеа пад на продажбата на електрични абвтомобили. Поради овие причини, тој ја преиспитува стратегијата. Mercedes има намера уште повеќе да ги приближи своите модели на бензин и електричните автомобили на батерии, со прекинување на својата посебна линија „EQ“. Сепак двете букви, германскиот луксузен бренд нема намера целосно да ги исклучи и тие немда заминат во историјата, но нивната улога ќе биде значително намалена.

Mercedes „повеќе нема да користи „EQ“ во номенклатурата на моделите за нови електрични возила. Во превод, имињата на електричните модели повеќе нема да започнуваат со буквите „EQ“. Наместо тоа, идните возила ќе го носат истото име како и верзиите со внатрешно согорување, а по нив ќе биде додадена „EQ Technology“.

Имињата на електричните модели на Мерцедес повеќе нема да започнуваат со буквите „EQ“

Имено следниот месец, ќе биде претставен новиот CLA и тој ќе ја добие ознаката „EQ Technology“

-Третата генерација на малиот седан ќе се продава и како plug-in хибрид со името „EQ Hybrid Technology“. Верзиите придвижувани од бензински и дизел мотори ќе се нарекуваат едноставно „CLA“. – Пренесува autoblog.rs

Mercedes веќе најави замени за EQA и EQB, кои ќе бидат интегрирани во гамата на GLA и GLB. Mercedes ќе го претстави и наследникот на CLA Shooting Brake. Mercedes моментално молчи за можноста за наследници на А и Б-класата, а можно е овие модели навистина да не добијат нова генерација.

Mercedes го потврди и новиот електричен GLC. Со оглед на ревидираната стратегија за именување, моделот повеќе нема да се нарекува EQC. Претходната генерација на моделот некогаш беше првата голема електрична надеж на Mercedes, но продажбата пропадна и моделот тивко беше прекинат пред речиси две години. Седаните од C-Class и E-Class ќе добијат и целосно електрични верзии.