Филмовите стануваат реалност: Првиот летечки автомобил (ВИДЕО)

Филмовите стануваат реалност: Првиот летечки автомобил

Секако дека летечки от автомобил беше виден само во некои од сцените во фантастичните акциони филмови. Сите замислува дека еден ден ќе постојат токму вакви летачки автомобили, но секако не веруваа во идејата. Но, со оглед на рапидниот развој на технологијата и се подобрите перформанси и стремење кон врвот во автомобилската индустрија, овој сон стана возможен. Зборуваме за првиот првиот летечки автомобил.

„Alef Aeronautics“ е името кое стои зад моделот и тврди дека ова е првиот летачки автомобил во светот, иако и претходно сме слушнале за тоа. На you tube се наоѓа видеото кое го покажува прототипот за првиот летечки автомобил. Моделот е наречен Zero. Автомобилот лета над паркиран автомобил во Калифорнија. Целта беше да се претстави првиот вистински тест на дизајнерскиот концепт.

Филмовите стануваат реалност: Првиот летечки автомобил

„Повеќето од досега развиените летечки автомобили користат дизајн сличен на дронови со ножеви на роторот. Но, испробано е и решение каде возилото има преклопни крила. Спротивно на тоа, неодамна претставениот Model Zero изгледа исто како патно возило, само малку пофутуристички. Сечилата на роторот се исто така дел од автомобилот. Но, тие се скриени во внатрешноста на возилото, така што надворешниот набљудувач не може да ги види“, се вели во статија на Индипендент, пренесува N1info.ba.“

Zero може да помине 320 километри на земја и 160 километри во воздух со едно полнење. Од тука, се вели дека возилото е 100 отсто електрично според стартапот. Автомобилот започнува со производство на автомобили оваа година. Веќе се добиени 3300 преднарачки. Така што… Време е за летање.