Hyundai Ioniq 9 –Корејската марка со новитет

Во 2026 од Hyundai најавуваат лансирање на својот трет модел од својата електрична под-марка. Тоа ќе биде потполно електричен моноволумен со можност за превоз на седум патници. Ioniq 9 ќе биде со полна поставеност на седиштата ќе има волумен на багажникот од 338 литри. Должина поголема од пет метри и меѓуоскино растојание од 3,13 метри. Овој модел на корејската марка ќе има масивна батерија од  110 kWh што ќе обезбеди автономија до 620 километри и капацитет на влечење до 2,5 тони.

 Ioniq 9

„Верзијата со погон на сите тркала со споменатата батерија испорачува 160 kW спринта од мирување до стотка за 5,2 секунди. Има и послаба изведба со мотор инсталиран напред од 70 kW.“ – пренесува avtomagazin.

Во врска со енетриерниот простор, Ioniq 9 ќе има многу одржливи и рециклирани материјали. Внатрешно заоблен панорамски дисплеј, како и централна конзола која може да се поместува за 19 сантиметри

Алуминиумските браници и странични панели ќе ја намалат на тежината и секако ќе ја зголемат ефикасноста.  Ioniq 9 се очекува во средината на идната година во Европа.