Ford забрзано го шири своето електрично портфолио

Во последните два квартали на годинава пазарот не е многу наклонет на БЕВ. Но, и покрај тоа Ford забрзано го шири своето електрично портфолио.

Засилениот маркетинг и претставувањето е закажано за март 2025, а за сега се најавува дека во Германија цената ќе започнува од 36.900 евра.

„Вешто се избегнува информацијата за големината на батеријата, но се ветува стандардна потрошувачка од 13,1 киловат часови на 100 километри, што би требало да овозможи домет од речиси 380 километри.“ – пренесува avtomagazin.mk

ford електрично

Моторот го забрзува автомобилот до 100 км/ч за осум секунди. За полнење на батеријата од 10 до 80%, доволни се 23 минути со брз полнач. Со истите пропорции останува патничката кабина. Новиот погон го зголемува волуменот на багажникот на 523 литри а има дополнителни 43 литри под предната хауба.