Ова е единствен примерок создаден за јапонската филијала на BMW. Овој SUV добил посебен третман, претворајќи го во подвижен израз на елеганција и префинетост.
Бои кои раскажуваат приказна
Каросеријата доаѓа во двобојна комбинација – долниот дел е обвиен во Individual Velver Blue, а горниот блеска во Space Silver. Деликатната линија на страните ги спојува овие нијанси во хармонична целина.

Внатрешност инспирирана од традицијата
Името Nishiki се однесува на класа на декоративни ткаенини, па затоа внатрешноста на овој Х7 е вистински омаж на јапонската естетика. Ексклузивните теписи доаѓаат во четири бои: касури, љубичаста, темносина и црна.
Детали кои восхитуваат
Централната конзола и делови од контролната табла имаат високосјајна завршница и наслонот за раце е обложен со кожа.Панорамскиот Sky Roof вградува 15 000 диоди.
Ексклузивна изложба во Токио
Овој единствен модел ќе биде изложен само до 10 – ти февруари во престижниот објект FREUDE by BMW во Токио.