Култното италијанско возило „Ape” по 76 години заминува во историјата!

Штом се спомене Италија, веднаш се помислува на култните скутери, како и на „Ape” пик-апот што стана симбол за визуелната слика на италијанските градови. Имено ова култно возило изврши големо влијание врз економијата со што неговата намена беше да испорачува.

Култното италијанско возило „Ape" по 76 години заминува во историјата!

Идејата за ова возило дојде од тесните шармантни улички низ градовите во Италија. Така се создал Скутерот со три тркала „Ape” со покрив и простор за товар. Тој беше совршен за тесните улички на старите градови или стрмните земјени патишта каде автомобилите се мачат. Неговата цена беше само 7.000 евра.

Ape

Но тука е крајот на оваа приказна. „Piaggio” ќе престане да го произведува „Ape” во Тоскана. Во иднина возила ќе се произведуваат само во Индија за азискиот и африканскиот пазар, пишува „HAK Revija”. Причината е што во Индија еколошките и безбедносните прописи не се толку строги за разлика од Европа. Па од „Piaggio” велат дека во Европа, би било неекономично.

Ape

И додека животот на „Ape” згаснува во Италија и се помалку познат, тој доживува триумфална кампања ширум светот. „Во 35 земји, „Ape” е дел од уличната култура, на пример како „Trixi Taxi” во Зимбабве или „TukTuk” во Индонезија, пишува италијанската телевизија „Rai“ – пренесува tocka.mk

Крајот на оваа приказна значи дека Италија губи статусен симбол, а е и болка и за тинејџерите на кои на само 14 години им беше дозволено д го возат овој пик-ап.

Извор