Кога температурите опаѓаат, секако дека седењето во вашиот автомобил и не е толку пријатно чувство. Експертите советуваат како да заштедите време и како побрзо да ја загреете кабината и да го забрзате процесот.
Чекор еден: Зголемете ја температурата и вентилаторите. Со ова полесно ќе го загреете автомобилот.
Според експертите и не е толку клучно и важно каков клима уред поседува вашето возило. Ставете го на full blast и вклучете ги и вентилаторите. Ова ќе овозможи топлиот воздух да циркулира побрзо во внатрешноста на автомобилот.
Рециркулација на воздухот за побрзо загревање
Вториот чекор е да го притиснете копчето на чиј симбол се наоѓа автомобил и стрела. После тоа, експертот советува да го притиснете копчето на централната конзола што има симбол на автомобил и стрела. Велат дека ова е клучен чекор бидејќи овозможува воздухот во автомобилот да се рециркулира. „Секоја нова циркулација на воздухот веќе во возилото постепено се загрева, што значи дека температурата ќе се зголемува побрзо.“ пренесува 24sedam.rs
Мит за климатизација
Дури и во зима, клима уредот може да придонесе за побрзо загревање на кабината.
Следниот пат кога ќе влезете во ладен автомобил, користете го овој трик: вклучете ја климата, вклучете ги вентилаторите и активирајте ја рециркулацијата на воздухот.