Генералниот директор на BYD изјави: „BYD планира да продава plug-in хибридни автомобили во Европа со цени кои ќе бидат на ниво на бензинските модели на конкурентите.“Ова значи дека BYD ќе понуди возило со напредна технологија и еколошки придобивки по цена слична на онаа на традиционалните бензински автомобили, што е значајна вест за автомобилскиот пазар.
Фокусот на BYD досега беше концентриран на продажбата на електрични автомобили ширум Европа, но сега овој гигантски производител на автомобили е со намера да го лансира теренецот со средна големина Seal U DMi, кој доаѓа во plug-in хибридна конфигурација. Тој сектор силно расте во Европа, според ХАК Преглед.
„Производителот ќе го следи со друг plug-in хибрид следната година“, изјави Мајкл Шу, управен директор за BYD Europe за Фајненшл Тајмс.
BYD, во месец декември, објави дека ќе ја отвори првата европска фабрика за автомобили во Унгарија. Компанијата вели дека фабриката ќе произведува електрични автомобили и plug-in хибриди за европскиот пазар. Фабриката ќе започне со работа до 2026 година.
Како што во многу наврати повторуваме, ова е натпревар за престижни иновации, па така Шу ја сака „победата“ и изјави дека намерата на BYD е до 2030 година, тој да стане водечки производител на електрични возила во Европа.
Ова може да доведе до значајни промени на автомобилскиот пазар, поттикнувајќи поголема еколошка свесност и обезбедувајќи достапност на напредни технолошки решенија за поширок круг на потрошувачи.
Фото на насловна – print screen/you tube