Историскиот пат на Лојд: Од трговијата на робови до најголемиот светски пазар за осигурување

Во претставувањето на веб-страницата на Лојд – најмоќниот осигурителен пазар во светот, се разоткрива централната улога во модерната економија. Таму е запишано: „Лојд е водечки пазар во светот за комерцијални, корпоративни и специјални решенија за ризик. Преку колективната интелигенција и експертизата на преземачите и брокерите на пазарот, го споделуваме ризикот за да создадеме похрабар свет…“. Лојд е најголемиот осигурителен пазар во светот, но што се крие зад целата приказна?

Почетоците…

Назад во 1688 година, во срцето на Лондон, група на морепловци, трговци и интересенти за набавка на стоки редовно се собирала во една таверна. Како да таа била збирното место за склучување на соработки и тргување. Овие средби биле наменети за размена на информации и завршување на секојдневните задачи поврзани со нивниот бизнис. Самиот локал бил во сопственост на Едвард Лојд и била позиционирана на улицата Тауер. Освен тргувањето со стоки, во таверната имало и „купување“ осигурување кое ги покривало трошоците од опасности на товарните бродови на морињата.

Но, во оваа приказна има една мрачна страна во нејзината историја, која и денес остава негативни последици врз пазарната динамика. На ова место, се собирале и морнари кои се занимавале со трговија на робови. Во тој период, Лојд ја искористил оваа можност и станал доминантен фактор во поморското осигурување, кое било поврзано со безжалосната трговија со робови. Иако Лојд останал примарен играч во индустријата, неговата врска со трговијата на робови го оставила темниот печат на неговата историја.

Lloyd’s of London apologises for role in slave trade

Ова покажува дека некогаш, Лојд од Лондон го следел мотото „Целта ги оправдува средствата“. Но, знаеме дека денес, тоа се смета за апсолутно погрешен поглед кон успехот. Сепак, последиците од неговата поврзаност со трговијата на робови, сè уште се чувствуваат. Во 18 и 19 век, Лојд доминирал во поморското осигурување, кое било поврзано со ужасната трговија на робови. Сега, додека се осудува неговата улога во тоа, Лојд сеуште се обидува да се врати со иницијативи за поддршка на добротворни организации и вклучување на малцинствата.

Денес Лојд не го спомнува ропството во неговата корпоративна историја и продолжува да биде водечка сила во осигурувањето. Легално утврден со закон во 1911 година, Лојд сега служи како пазар за осигурување и реосигурување, обезбедувајќи заштита за бизниси, организации и поединци, со цел да олесни трансакциите помеѓу купувачите и продавачите на осигурување.