Волстрит, најпознатата улица во Њујорк, претставува глобален симбол за богатство, амбиција и моќ. Сметана за епицентар на меѓународните финансиски пазари и за симбол на светското финансиско средиште, Волстрит се истакнува како најпознатата улица во светот. Веројатно нема некој кој не го знае ова место. А исто толку е веројатно дека не постои и некој кој не би сакал да прошета барем еднаш по оваа улица. Но, има разлика од тоа во која улога би прошетал. Сепак поинакво би било чувството да го носиш деловниот кодекс и да се насмевнуваш на големата добивка, отколку да бидеш само обичен турист кој го гледа тој човек од страна.
Историјата на Волстрит е впечатлива и богата. Некои извори ја поврзуваат со старата холандска фраза „Walloot Straat”, што буквално значи “улица на древните валути”. Има длабока и значајна поврзаност со финансиските дејности. Според економистот Хауард Воктел, автор на книгата „Улица на соништата – Булевар на скршените срца”, Волстрит останува сведок на промените во времето. “Историјата е иста, само играчите се различни”, вели Воктел. Оваа улица функционира како епицентар на големите играчи во светот на финансиите, додека другите се оние со големи амбиции, но помали можности.
-Неколкумина инсајдери и добро упатени прават пари, додека масите, водени од надеж за збогатување, го обезбедуваат најголемото количество пари за инвестициите, но предоцна реагираат да профитираат од влогот. Сето тоа започнало, со долгот од крајот на Американската револуција. – вели Воктел, авторот кој детално ја раскажува целата приказна што се крие зад ова најзвучно име во деловниот свет. Имено историјата
Историјата на Волстрит започнува во 17-тиот век во Нов Амстердам, кој бил град под холандската влада во колониите на Америка. Подоцна, Нов Амстердам бил преименуван во Њујорк Сити. Авторот на книгата истакнува дека Волстрит, преку војни и скандали, станал глобален симбол за богатство, за моќ, за место од каде може да се владее со светот. Волстрит доживеала многу перипетии низ својата историја и имала безброј падови, но секогаш одново се раѓала и експонирала. Всушност ова место некогаш било централна точка на комерција и трговија. Така, како што се развивал градот познат како град кој никогаш не спие – Њујорк, така се развивала и улицата. Заедно со Њујорк растела и Волстрит и така станала релевантно место каде се сретнуваат инвеститори, трговци, брокери, банки.
Волстрит се именува како како седиште на американската финансиска индустрија, во 19ти век, а денес е најпознатата локацијата од каде веројатно се диктираат светските финансиски трендови.